Силјановска Давкова: Очекувам кичевчани да се одважат и да гласаат по свое
Најискрено кажувам дека гласовите на граѓаните од Кичево, без оглед на националната, етничката, верската или друга припадност имаат посебно значење за мене, веќе кажав дека Кичево е градот на моите прадедовци, дедовци и родители, Кичево е градот и на моите Албански побратими.
Јас очекувам кичевчани да се одважат и да гласаат по свое, а не така како што ќе им кажат партиите, туку со длабока верба дека Македонија и Кичево можат да бидат пристојно место во кое владее правото само ако граѓаните лично си го третираат избирачкото право.
Значи се обраќам до кичевчани, како до граѓани и потенцирам дека гласот за мене значи глас за владеење на правото. Во таков град и во таква држава сите повторно без оглед на етничката, расна и верска припадност, социјално и друго потекло ќе имаат еднакви шанси.
Оставам на кичевчани да решат, меѓутоа ги потсетувам дека овие гласови имаат посебна емотивна а не само политичка вредност. Особено опкружена со жени значи дека гласот за Гордана е гласот за жена, гласот за Гордана е глас а кичевчанки за Гордана, ама и на сите кичевчани бидејќи она што е заедничко за сите нив и за мене е татковината и заедничкото потекло, без оглед повторувам не мора да е Македонија само на Македонците, Македонија е татковина и на Албанците и на Турците и на Ромите и на Власите и на Бошњаците, на сите оние кои се родени овде и ја чувствуваат земјата како своја.
Ново на Сител
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Кузеска
-
МЗ: На лекување во странство се 69 пациенти, нема промена во нивната состојба
-
45-годишен скопјанец физички нападнат од група малолетници во двор на основно училиште
-
Приведени двајца скопјани, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу нив
-
Протестен „Марш за ангелите“ се одржа во Кочани
-
Сообраќајна несреќа во Струга кај магистралниот пат А-2, три лица се здобиле со повреди