Силјановска Давкова го посети манастирот „Свети Ѓорѓија“ во Рајчица
Вчера кандидатот за претседател на Република Македонија, Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова го посети манастирот „Свети Ѓорѓија“ во Рајчица.
При самата посета на самиот манастир Силјановска Давкова посочи дека тука владее необична енергија и мир, кои помагаат на луѓето во ова брзо време. Со самата посета на манастирот „Свети Ѓорѓија“ добила дополнителна сила за битка за праведна Македонија.
„Во сестринството во манастирот Свети Ѓорѓија во питорескната Рајчица поминав прекрасни моменти и научив многу за повеќе теми меѓу кои и за изработката на „Митрите“ што се изработуваат за високи црковни претставници. Мирот и енергијата кои што може да се доживеат во Рајчица ми дадоа дополнителна сила да ја продолжам битката за праведна Македонија“ – истакна Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова додаде дека Република Македонија изобилува со вакви убавини кои вредат да се посетат но и да се чуваат, бидејќи тие се нашето богаство.
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот