Сиљановска-Давкова: Божиќ е симбол на животот, љубовта, почитта и солидарноста
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник Божиќ упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат денот на Христовото раѓање.
- Божиќ беше, е и останува за навек возвишен и светол христијански празник, симбол на животот, љубовта, почитта и солидарноста. Христовото раѓање нè учи и инспирира како да сакаме, да шириме мир и хармонија, да им помагаме на беспомошните, безрезервно да даваме поткрепа и нудиме утеха. Божиќ ја симболизира животворноста на верата и надежта, како суштински за човековата природа. Да ги отвориме и на овој божиќен ден срцата за сите луѓе, да се обидеме да ја разбереме сечија потреба за среќа, да придонесеме за општествената благосостојба. Да го послушаме пастирскиот повик на Македонската православна црква и да влеземе во божјите храмови за да ја засилиме личната и националната духовност, се вели во честитката.
Честитката е испратена и до поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев.
Ново на Сител
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор