Свет
26. September 2020 - 11:59

Силен земјотрес во Иран, кај границата со Туркменистан

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди североистокот на Иран, на границата со Туркменистан, пренесува иранската државна телевизија.

Засега не е познато дали во потресот има жртви или е предизвикана материјална штета, но тој се почуствува во близина на Мараве Тапе, во провинцијата Голестан.

Британските медиуми додаваат дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри.