Силен земјотрес од 6,9 степени го погоди Мексико
Силен земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска мексиканското крајбрежје во близина на сојузната мексиканска држава Чијапас, при што најмалку едно лице е повредено, а беше прекинат и дотокот на електрична енергија, соопштија локалните власти.
Земјотресот предизвикал матријални штети на зггради во Чијапас. Засега нема информации за загинати во Мексико и Гватемала.
Анонимен претставник на Националниот центар за справување со катастрофи на Гватемала, наведе дека земјотресот бил почувствуван на целата територија и оти во земјата започнало проценувањето на штетите.
Според Геофизичкиот институт на САД, земјотресот бил на длабочина од 111 километри, со епицентарот на 15 километри северозападно од градот Сан Маркос.
Земјотресот се случил околку 1.30 часот по локално време, а по речиси 20 минути следел уште еден потрес.
Поради земјотресот бил прекинат дотокот на електрична енергија во гватемалските департмани Реталулеу,
Првично, Геофизичкиот институт на САД наведе дека јачината на земјотресот била седум степени според Рихтеровата скала.
Ново на Сител
-
Тркалезна маса „Безбедно балканско туристичко лето 2025“
-
Во Турција 14.372 лица биле повредени при жртвување животни во првиот ден од Курбан Бајрам
-
Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки
-
Милевски: Македонија покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите репрезентации
-
Илон Маск по анкета повикува на основање нова политичка партија во САД
-
Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)
-
Сончево и многу топло, попладне изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи
-
Голем бод за Македонија против Белгија