Свет
7. February 2021 - 8:46

Силен земјотрес на југоистокот од Филипини

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди југоисточната провинција Давао дел Сур, на Филипините, предизвикувајќи големи штети, а сеизмолозите очекуваат и вторични земјотреси, јави државната сеизмолошка служба, пренесоа британските медиуми.

Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 15 километри, додавајќи дека бил тектонски.

Оваа земја од југои-сточна Азија се наоѓа во геолошки активниот Огнен појас на Пацификот и честопати има земјотреси, особено во нејзините јужни делови.