Свет
6. February 2017 - 18:56

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Колумбија, вклучително и главниот град Богота. 

Засега нема информации за жртви и материјални штети. 

Колумбиската геофизичка служба соопшти дека земјотресот се случил утринава на пет километри југоисточно од општината Колумбија во департментот Хуила. 

- До моментов нема податоци за штети, напиша на Твитер колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос, повикувајќи се на податоците од Националната служба за управување со ризикот од катастрофи.