Балкан
7. August 2024 - 9:09

Силен земјотрес ја погоди Грција

Во 7 часот и 19 минути, настана земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала на длабочина од три километри, во близина на Света Гора на Халкидики.

Земјотресот е регистриран во Егејското Море, на 113 километри од Солун.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Според очевидци на веб-страницата ЕМСЦ, земјотресот бил почувствуван и на островот Тасос.