Свет
15. April 2016 - 18:45

Силен земјотрес го погоди Мексико

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтерова скала денеска го погоди јужниот дел на Мексико.

Се уште нема информација за евентуални жртви и причинета материјална штета на тихоокеанскиот брег во мексиканската држава Чиапас, соопштија локалните власти.

Мексиканскиот сеизмолошки институт соопшти дека потресот е регистриран на околу 123 километри јужно од Сиудад Идалга, град на границата со Гватемала.