Свет
6. September 2018 - 21:20

Силен земјотрес го погоди Фиџи: Потрес со јачина од 8,1 степен предизвика паника

Земјотрес со јачина од 8,1 степен по Рихтер се случи на 123 километри југоисточно од Фиџи.

Земјотресот бил на длабочина од 669 километри, соопшти денеска американскиот геолошки завод.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами соопшти дека не се очекува разорен бран во Тихиот Океан, а цунами не им се заканува ниту на Хаваите.

Меѓутоа граѓаните на Калифорнија стравуваат од разорен земјотрес кој би можел да однесе стотици животи, дури по 70 потреси кои го погодија смртоносниот „Огнен прстен“ во последните 48 ча

Вчера имаше дури 16 потреси со јачина од 4,5 степени, а во неделата имаше 53 во овој регион.

Земјотресите ја вознемирија Индонезија, Боливија, Јапонија и Фиџи, но не стигнаа до западниот брег на САД, кој се наоѓа на линијата на „Огнениот прстен“ кој е во форма на потковица.