Македонија
3. October 2015 - 16:23

Силен и одлучен говор - Оценка на експертите за обраќањето на премиерот Груевски на ГС на ООН

Силен и одлучен говор на премиерот Никола Груевски. Објективно и реално обраќање во кое се штитат интересите на државата врз принципиелна основа, коментираат експертите по вчерашниот говор на Груевски пред Генералното собрание на ООН.

Поранешниот амбасадор, Ристо Ников се вели дека Груевски на искористил приликата и ги презентирале пред светот макеоднските приоритети.

Премиерот вчера испрати низа пораки, Никовски како клучни ги изводјува спорет со името и бегласката криза.

Говорејќи за спорот со Грција, Груевски рече дека решавањето на разликите со нашиот сосед е наш приоритет,  и дека взнаемно прифатливо решение треба да се бара во рамките на резолуциите на ОН и меѓународното право. Груевски повика да се почитува Времената спогодба од 1995 година како темел на нашите односи, спогодба која е под покровителство на ООН и требаше да донесе решение на спорот, а не негово одложување.

-Нашата позиција е добро позната и е во контекст на реалноста дека ние сме Македонци, говориме македонски јазик и живееме во држава со Уставно име Република Македонија. Меѓународното право треба да се почитува од сите и во сите случаи, а не наменски. Оттука одлуката од Меѓународниот суд за правдата донесена во корист на мојата земја треба да се почитува од сите членки на оваа организација, посебно зашто токму тој суд е основан од организацијата на ОН и тој треба да е гаранто на спроведување на правдата и на билатералните договори склучувани под покровителство на ОН, рече Груевски.

За експертите, сосема и оправдано тоа што премиерот го  постави прашањето и се заложи за решавање на спорот со името.

Експертите велат дека говорот на Груевски беше базиран на вредносни категории, а не на куртоазна реторика. Тие нагласуваат дека македонскиот премиер ги бранеше државните интереси во ОН и ја промовираше државата.

Осврнувајќи се на состојбата со бегалците со која се соочуваат државава, Балканот и цела Европа, посочи дека од почетокот на оваа година речиси 200.000 луѓе, главно Сиријци, минаа низ Република Македонија.

– Соседите на Сирија, на пример Либан, Турција, Јордан, се силно погодени, а првите знаци на општествена тежина се чувствуваат и во балканските земји, чии што економии не може долго изолирани да се справуваат со состојбите. Од наша страна, ние ќе направиме сѐ што можеме за да им помогнеме на овие луѓе кои имаат потреба, луѓе кои го бараат својот мир, својата надеж за безбедно патување, за безбеден и пристоен живот. Без разлики на економскиот и одржливиот аспект ние се трудиме да придонесеме за помош кон нив, надминувајќи и санкционирајќи одредени слабости во системот кој е поставен, но со силна посветеност да се придонесе во креирање на излезни позитивни решенија за овие лица согласно нивните потреби. Но, ние не можеме да го направиме тоа сами, рече Груевски.

Македонија мора да биде многу внимтелан по ова прашање, вели Никовски

Груевски во обраќањето подвлече дека со трајна стабилизација на Југоисточна Европа широко ќе се отворат можностите за реализација на економски напредок, за поголема соработка на сите земји во регионот во трговската размена и соработката на полето на инвестициите. Тој нагласи дека земјите треба да се стремат кон реализација на крупни економски инфраструктурни проекти, кои ќе опфаќаат поголем број на држави, и со чија што имплементација следствено ќе се влијае на зголемување на бруто домашниот производ на сите земји партиципиенти и ќе се обезбеди отворање на десетици илјади нови работни места

Според амбасадорот Никовски, сите поенти од говорот на прмеиерот вчера беа на место. Груевски зборуваше за нашата реалност и нашите приоритети. Според него, сега по одлучниот настап на Груевски, следи втората фаза оносно активирање на понетите од неговиот говор што треба да предизвика рекација и да доведе до решение на проблемите