Фудбал
30. April 2022 - 20:06

Силекс славеше против Тетекс и се враќа во Првата МФЛ

Фудбалерите на Силекс славеа со 2-0 против Тетекс и на две кола пред крајот ја обезбедија шампионската титула во Втората лига запад со што по само една сезона се враќаат во прволигашката конкуренција. 

Кратовчани се на врвот на табелата со 10 бодови предност пред Воска која попладнево го загуби дербито со Вардар и сега има само три бода предност пред црвено-црните во битката за втората позиција која води во баражот. 
ВТОРА МФЛ  Исток  25.коло
Детонит Ј. – ТИМ Локомотива  4-0
Кожуф – Осогово  1-0
Слога – К. Саса 0-0
Победа – Беласица 3-0
Пехчево – Братство 
 
ВТОРА МФЛ ЗАПАД  25.коло
Беса – Велешта  7-1
Охрид – Кадино 6-2
Кораби – Гостивар 0-0
Силекс- Тетекс 2-0
Воска –Вардар 0-1