Сијарто: Ќе ги вратиме бегалците од каде што дошле
Унгарија ќе ги регистрира сите бегалци кои ќе поднесат барање за азил, а оние кои ќе бидат одбиени ќе бидат вратени од каде што дошле, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, нагласувајќи дека од 166.000 бегалци 99 отсто влегле во земјата од Србија.
Сијарто смета дека оградата која Унгарија ја подигнува на границата со Србија е „ефикасна“, бидејќи без неа „зелената граница“ би била целосно отворена. Тој истакна дека Будимпешта постапува согласно прописите на ЕУ, па затоа е апсурдно да добива критики од Брисел.
- Очекуваме да не не критикуваат поради придржувањето кон европските правила, односно да прекине кампањата на лаги против држава која постапува согласно прописите на ЕУ во една многу сериозна ситуација. Западнобалканскиот правец на мигрирање мора да го сфатиме сериозно, истакна Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека Унгарија не го поддржува системот на квоти за прифаќање бегалци за кој се заложува ЕК, бидејќи смета дека политиката врз основа на обврзни квоти е осудена на пропаст.
Ново на Сител
-
Зеленски предлага 30-дневно, наместо 30-часовно примирје, како што објави Русија
-
Продолжуваат протестите во Турција поради приведувањето на градоначалникот на Истанбул
-
Почина Тоше Поп-Симонов
-
Москва и Киев разменија воени заробеници пред Велигден
-
Собир на вработени во РТС: Ако раководството не ни се обрати итно – ќе сметаме дека се повлекле
-
Пронајден возачот кој во Скопје со „фиат” удри во тротинет
-
Путин објави велигденско примирје - запираат сите воени операции
-
Бискуп Киро: Велигден не познава ,,наш" и ,,ваш" календар - да се молиме за заедничко чествување затоа што тој му припаѓа на Христос