Кошарка
30. November 2016 - 20:22

Сигурни победи на Работнички и Фени Индустри

Екипите на Работнички и Фени Индустри ја оправдаа улогата на фаворити во дуелите со Вардар и пелистер и забележаа победи во натпреварите од 3.коло на Првата македонска лига. 
 
На средбата одиграна вечерва во салата „Градски парк“ во Скопје, тимот на Работнички убедливо со 92-65 по четвртини 27:15, 25:23, 20:12 и 20:15. Кај побеничката екипа најефикасен беше Николас Вигинс кој средбата ја заврши со 17, додека по еден помалку (16) постигнаа: 
Ѓорѓи Чековски, Димитар Мираковски и Ненад Мишановиќ додека Диме Тасевски беше стрелец на 15 поени. 
 
За Работнички ова беше третата победа во исто толкуте одиграни натпревари во домашниот шампионат, колку што има и екипата на Фени Индустри.
 
Кавадарчани вечерва на гостувањето во Битола го совладаа Пелистер со 60-83 по четвртини 17:21, 9:26, 24:20 и 10:16. Матија Ческовиќ со 21 и Кирил Николовски со 20 поени беа најефикасни во редовите на Фени Индустри. 
 
Во тек е последниот меч од оваа рунда меѓу Кожув и Струмица, а вчера Куманово како гостин го совлада АВ Охрид со 96-66. 
 
Табела: Работнички 3-3 (победи-порази), Фени Индустри 3-0, Куманово 2-1, Пелистер 1-2, АВ Охрид 1-2, Струмица 1-1, Вардар 1-2 и Кожув 0-2.