Си со порака до Путин: Кина и Русија секогаш одат „рака под рака“
Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Кина и Русија секогаш оделе „рака под рака“ на вистинскиот пат, објави денеска кинеската агенција Ксинхуа, неколку месеци откако двете земји се согласија за „нова ера на стратешко партнерство“ за клучните прашања.
Двајцата лидери во мај се согласија да ги продлабочат билатералните односи и да соработуваат за прашања од заеднички интерес, како што се Тајван, Украина и заедничкиот ривал САД.
Руските медиуми, исто така, ја цитираат изјавата на рускиот амбасадор во Пекинг од минатиот петок дека Си ќе ја посети Русија во 2025 година.
Разменувајќи ги новогодишните честитки со рускиот претседател Владимир Путин, Си ја пофали меѓусебната доверба и стратешката координација меѓу двете земји и изрази желба да одржува блиски врски со Путин.
„Кинеско-руската соработка на различни полиња ќе продолжи да води кон нови можности за развој’, додаде Си.
Кинескиот претседател во 2023 година беше примен во Кремљ како „драг пријател“, откако обезбеди невиден трет мандат на чело на државата.
Ново на Сител
-
Се уште нема договор со Бугарија за заедничката изградба на тунелот на пругата од Коридорот 8
-
Денес тргнува првиот воз од Скопје за Куманово
-
Песков: Изјавата на Зеленски дека е подготвен да преговара со Русија се „празни зборови“
-
Зеленски: Повеќе од 45.000 украински војници загинаа во војната
-
Луј Витон во Шведска казнет со повеќе од 400.000 евра за перење пари
-
Цените на угостителските услуги во јануари на годишно ниво повисоки за 5,8 отсто
-
Каматната стапка на благајничките записи се намалува, останатите каматни стапки остануваат непроменети
-
Стабилно време со студени утра во наредните денови