-->
-->
Си ја продал малолетната ќерка за 3.000 евра и автомобил
-->
Против З.М. (54) од местото Читлук кај Крушевац е поднесена кривична пријава поради сомневање дека во јули оваа година на сограѓанката В.С. и ја продал својата малолетна ќерка за 3000 евра и автомобил марка „опел“.
Оваа несекојдневна трговија ја договориле таткото на девојчето и мајката на момчето, која сакала да го ожени својот син, пренесува српски „Ало“.
- Тие направиле договор во кој таткото требал да ја даде ќерката, а за возврат да добие 3000 евра на рати по 200 евра месечно и автомобил, - изјавил соговорникот на „Ало“, близок до истрагата.
Меѓутоа за оваа необична продажба се слушнало наоколу, па полицијата неодмана му тропнала на вратата на З.М.
Неговите соседи изјавиле дека не знаат ништо околу продажбата на девојчето.
- Со него и неговото семејство сме само на „здраво“. И подобро што е така. Утрово видов како во селото дојде полиција, но не знам зошто. Тие зимно време живеат на село, а во текот на летото заминуваат некаде, - изјавил жител на Читлук.
Против З.М. е поднесена кривична пријава и по редовна постапка тој ќе се брани од слобода. За кривично дело, трговија со луѓе, шринуден брак или робовско однесување кон малолетно лице може да добие казна затвор од најмалку пет години, објаснува за „Ало“ адвокатот Драгомир Мрдаљ, кој додал дека максималната казна за ова дело е 12 години затвор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД
-
Силен земјотрес регистриран во Чиле
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп
-
Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
-
Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
-
Реформската агенда на владата пред пратениците