Живот
13. March 2018 - 12:46

Си ги извадила очите под дејство на дрога "бидејќи тоа го барал Бог": Сега е слепа, но вели дека животот и е поубав

Кејли Мутарт (20) со голи раце си ги извадила очите додека била на метамфетамин, пишува Дејли Меил. Девојката си го направила ова на 6. февруари пред црква во Јужна Каролина во Америка, верувајќи дека тоа од нејзе го барал Бог.

Шокантната случка, потполно ја ослепела Кејли, која сега се навикнала на живот како слепа личност.

- Животот сега е многу поубав, отколку кога си под дејство на дрога. Тоа беше ужасно време - рекла Кејли.

Откако месец дена поминала во центар за рехабилитација, девојката се вратила дома. Како што кажала, некогаш заборава дека е слепа бидејќи точно знае што каде се наоѓа во домот.

- Можам повторно да бидам Кејли. Попрво би била слепа отколку да бидам на метамфетамин. Иста девојка сум како пред 10 години, само што сега многу подобро се чувствувам - рекла таа.

Иако во моментот на инцидентот била под дејство на метамфетамин, се сеќава што и зошто го направила тоа. Рекла дека била во делириум. Според нејзините зборови, во тој момент верувала дека мртвите се заглавени во гробовите и дека од нејзе се бара да се жртвува за да заминат кај Бог. Жртвата била - вадење на очи.

- Бев исплашена, не знаев зошто тоа Бог го бара од мене, но верував дека тоа треба да го направам. И драго ми е што го направив тоа бидејќи секогаш имав големо срце - раскажала Кејли.

Рекла дека во тој момомент мислела дека нема многу време да го спаси светот и затоа си ги извадила своите очи. 

- Ги фатив со своите раце и ги извадив. На пастирот кој во тој момент се појави му реков да се "помоли за мене" - рекла девојката која самата се ослепела.

Минувачите кои ја виделе што прави се обиделе да ја спречат да се повреди, но не успеале. Повикале Итна помош која потоа девојката ја однела на траума.

До овој ужасен инцидент дошло неколку дена пред Кејли да замине во центар за рехабилитација на одвикнување од метамфетамин. 

Марихуана наводно пробала прв пат пред шест месеци, кога ја натерале колеги. Кога ги истражила симптомите на интернет, ја напуштила работата и се вработила на друго место. Меѓутоа таму под влијание на нови колеги пробала метамфетамин, поради кој била будна три дена.

- Смислив видео додека бев под дејство на дрога, а кога помина дејството, тие луѓе ги исфрлив од мојот живот - рекла таа и додала дека повторно почнала да го користи бидејќи се чувствувала осамена.

Еден месец по шокантниот случај, Кејли се вратила дома насмеана и потполно среќна. Во заздравувањето и помогнала музиката а продолжила и да свири на гитара и учи нови песни и покрај тоа што не гледа.

Нејзината мајка Кети Томпкинс покренала акција на "GoFundMe" за да собере пари за куче кое помага на слепи.