Си ги држев цревата и утробата: Потресна исповед на жена по царски рез

Сем во март со царски рез родила ќерка. По 3 дена ја пуштиле од болница дома. Два дена подоцна дошла бабица да и ги извади конците, а на Сем и испаднале цревата.
Сем Бел (28) тврди дека со раце морала да ги држи цревата и утробата откако и се отворила лузната од царскиот рез.
Мајката од Хемпшир на 24 март ја родила ќерката Клои со царски рез во болницата Сент Хелир во Сјуреј. Три дена по породувањето лекарите утврдиле дека се е во ред во неа и ја пуштеиле од болница. Пет дена по породувањето дома и дошла бабица која и ги извадила конците.

-Кога се обидов да станам од кревет, си ја видов утробата и цревата како ми висат надвор. Почнав да врескам. Дотрчаа мојот партнер и бабицата. Таа ми рече дека вакво нешто никогаш не видела. Повикаа брза помош. Чекав 40 минути да дојдат па потоа ме однесоа во болница, рече Сем.
Повторно ја оперирале и ја зашиле со 20 конци. Уште се опоравува.
Пред некое време и се јавиле од болницата за да прашаат како е.
-Им реков дека морам да знам кој е одговорен. Ми рекоа дека тоа се работи што ретко се случуваат, ама сепак ги има, вели Сем.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
