-->
-->
Си-Ен-Ен: САД ќе издвојуваат помалку средства за НАТО
-->

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да ги намали средствата што САД ги издвојува за НАТО, јави американската телевизија Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименувани извори од Пентагон и од Алијансата.
До сега САД издвојуваа околу 22 проценти од буџетот за НАТО, додека сега се планира расходите да се намалат на 16 отсто. За споредба Германија издвојува 14,8 проценти од буџетот за НАТО.
Според неименуваните извори САД ќе ги пренасочат средствата за финансирање на низа безбедносни програми во Европа, вклучително и програми за Украина и Грузија.
Си-Ен-Ен објави дека другите земји-членки на Алијансата се подготвени да го компензираат дефицитот, што би настанал по намалувањето на средствата од САД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кочани доби Центар за поддршка на момчиња и мажи
-

Преглед на вестите од светот
-

Петрова: Условот е европски
-

Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието
-

Планот на Мерц пред лидерите на Западен Балкан во Тиват
-

СДСМ: Младите на референдум да одлучат за иднината
-

Гужвите на Богородица продолжуваат - Грција бара нови решенија
-

13 годишник загина возејќи електричен тротинет во Куманово - дали е потребна построга регулатива?
