Си-Ен-Ен: Можна истрага поради телефонскиот повик на Трамп
Искусни обвинители, адвокати и правни експерти побараа да се спроведе кривична истрага за да се утврди дали претседателот Доналд Трамп ги прекршил законите за изборни измами, кога во саботата побара од владините претстваници во Џорџија да „пронајдат“ 11.870 гласови, со што изборниот резултат во сојузната држава би бил во негова корист, јави Си-Ен-Ен.
Иако кривична постапка против актуелниот претседател не би била едноставна, претставниците во Џорџија истакнуваат дека државата разгледува спроведување на сериозна истрага и оти случајот е проследен до Федералното истражно биро (ФБИ).
Си-Ен-Ен наведува дека е можна истрага, но оти друга работа е докажувањето на намерата на Трамп да стори кривично дело. Трамп најверојатно би се соочил со поротата доколку биде обвинет, а обвинителите ќе мора да докажат што точно мислел со телефонскиот повик.
Новоизбраниот претседател Џо Бајден навести дека сака земјата да тргне напред, а не да се задржува на скандалите од времето на мандатот на Трамп, како и оти одлуката ја препушта на Министерството за правда. Доколку биде покрената постака, може да потрае случајот против Трамп.
– Во случај тој навистина да победи на изборите со измама, докажувањето на неговата намера би можело да биде тешка задача за обвинителството, посочува Си-Ен-Ен.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд