Си-Ен-Ен: Клинтон или Сандерс лесно би го поразиле Трамп на претседатеските избори
Двајцата претенденти за номинација на Демократската партија- Хилари Клинтон и Берни Сандерс, лесно би го поразиле водечкиот претендент кај републиканците, Доналд Трамп доколку сега би се гласало за претседател на САД, покажува најновото истражувањ на телевизиската компанија Си-Ен-Ен.
Клинтон би го совладала Трамп со 52 наспроти 44 отсто од гласовите на Американците, но би и било многу потешко доколку за противник ги има републиканските сенатори Тед Круз или Марко Рубио.
Истражувањето покажува дека Клинтон би победила и против обајцата републиканци, но разликата меѓу победникот и поразениот тогаш би изнесувала најмногу три проценти од гласовите.
Сандерс би го постигнал истиот реултат, но тој уверливо би го поразил Круз, лесно би се справил со Трамп, а најтешко би му било со Рубио, иако и него би го победил, со поголема разлика од онаа што се смета дека би ја постигнала Клинтон.
Истражувањето на Си-Ен-Ен одново покажа дека САД се длабоко поделени „многу повеќе од порано“ и тоа се гледа на тоа, како и за што им веруваат на сите петмина кандидати.
На Трамп повеќе му веруваат за економијата, антитероризмот и имиграцијата, додека на Клинтон за здравствената заштита, расната еднаквост и надворешната политика. Кога станува збор за контролата на оружјето, американските гласачи се целосно поделени, па и поддршката за едниот или за другиот кандидат е речиси идентична.
Претходната анкета што ја направи оваа телевизиска компанија покажа дека Хилари Клинтон ќе ја освои номинацијата кај Демократската партија, додека Доналд Трамп ќе ја добие номинацијата на американските републиканци.
Конвенциите за избор на претседателски кандидат и на двете партии ќе се одржат во јули, додека изборите за претседател на САД се на 8 ноември.
Ново на Сител
-
Интер и ПСЖ во жестока борба за трофејот од Лигата на шампионите
-
Томас Вајц: Нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик
-
Победнички старт на македонските одбојкарки во Европската сребрена лига
-
Трамп: Маск направи фантастична работа додека беше шеф на Одделот за владина ефикасност
-
„Вдоми Љубов“ - фестивал посветен на вдомувањето на кучиња и одговорното сопствеништво
-
МПЦ-ОА одбележува 1700 години од Првиот вселенски собор на кој присуствувале и тројца македонски епископи
-
Полагањето на државната матура почнува денеска со првиот екстерен испит
-
Без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово