Свет
13. April 2018 - 20:01

Си-Ен-Би-Си: САД ќе нанесат удар врз осум објекти во Сирија

Можни цели на воздушните напади ќе бидат два сириски воени аеродромa, истражувачки центар и претпријатие во кое се произведува хемиско оружје, објави вчера телевизијата Си-Ен-Би-Си.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, американскиот ТВ канал цитирал владин извор кој не одговорил каде имено се наоѓаат тие објекти.

-Сириската армија дислоцирала значаен број авиони на аеродроми контролирани од Русија со надеж дека Вашингтон нема да нанесе удар по тие локации, укажал изворот.

Американскиот претседател Доналд Трамп завчера порача дека Русија треба да се подготви за американски ракетен напад на Сирија.

-Не треба да се соработува со животно кое убива со гас, кое убива свои граѓани и ужива во тоа, напиша Трамп на Твитер алудирајќи на сирискиот претседател Башар Асад.