Си Џинпинг: Нашите односи со САД беа помрачени од негативни фактори
Односите меѓу Вашингтон и Пекинг беа помрачени од негативни фактори, со жалење оцени кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор со својот американски колега, јавија Кинеската централна телевизија.
- Билатералните односи беа погодени од негативни фактори. Се надеваме дека САД ќе можат да се однесуваат коректно кон прашањата, поврзани со Тајван и во согласност со принципот за една Кина, изјави Си.
Владата на Трамп го разгневи Пекинг, кога на крајот на јуни даде зелено светло за продажба на оружје на Тајван во вредност од 1,3 милијарда долари.
Тајван, де факто, е независен остров, кого Пекинг го смета за одметната провинција.
Претходно, Белата куќа соопшти дека Трамп и Си разговарале за заканите што доаѓаат од Северна Кореја.
- Двајцата лидери ја потврдија приврзаноста кон идејата за Корејски Полуостров без нуклеарно оружје. Трамп повтори дека е цврсто решен да се стреми кон по избалансирани трговски односи со трговските партнери на САД, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Вработена во основно училиште пријавила дека била нападната од ученик
-
Жената која беше пријавена за исчезната, пронајдена почината
-
Федерер за последниот натпревар: Му кажав работи на Ѓоковиќ кои го разнежнија
-
Пакистан подготвен за мир ако Индија ги запре воените дејства, вели министерот Дар
-
Макрон во Киев: Подготвени сме да помогнеме ако има прекин на огнот од 30 дена
-
Тошковски за пожарот во Кочани: Во моментов се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со кривичниот настан
-
Токсичен облак кај Барселона: Властите апелираат граѓаните да не излегуваат надвор
-
Трамп потпиша извршна наредба за почеток на програма за самодепортација