Шведска има најдобар пасош во светот

поред најновиот извештај на консултантската куќа „Номад капиталист“, според сите параметри, Шведска има најдобар пасош во светот, поради што државјаните на таа земја уживаат бенефити, кои во многу земји не постојат.
Шведските државјани имаат бесплатно здравствено осигурување, бесплатно образование, платени годишни одмори и поради сето тоа, Шведска го има најпожелниот пасош во светот, пишува Индепендент.
Пасошите на државите рангирани се врз основа на анализа, во рамките на која се разгледувани фактори како безвизен режим, граѓански слободи, оданочување, глобален углед и други параметри.
Од 199 држави, опфатени со истражувањето, Шведска е на прво место, зад неа се Белгија, Италија па Шпанија, Велика Британија е на 16. место, а САД дури на 35. место. Од земјите во регионот, најдобро рангирана е Словенија, која со САД го дели 35-то место, Хрватска е на 49, Србија е на 73, Македонија и Црна Гора се на 76., а Бих е на 85 место. На 199 место е Авганистан.
Студијата покажа дека државјаните на Шведска имаат безвизен режим со 176 земји во светот и имаат можност да работат во странство, а да не мораат да платат данок во својата земја.
Ново на Сител
-

Кривични пријави за насилните девојчиња во Аеродром и за родителите – дали се потребни построги казни?
-

Власта и опозицијата остануваат на спротивни позиции околу гласањето на дијаспората
-

„Еуроњуз“: ЕУ пренасочува повеќе пари кон Македонија, Црна Гора и Албанија за завршените реформи
-

ДНК и отпечатоци на судијата Ристов најдени на фолиите со 350.000 евра
-

Абази го презентираше извештајот за работата на ОЈОГОКК пред Советот на јавни обвинители
-

Мисајловски: Испораката на воената опрема е во завршна фаза, склучени се и нови договори со САД
-

Се санираат штетите по невремето
-

Преглед на вестите од светот
