Македонија
14. December 2017 - 9:24

Шведска формира прва нова воена формација од Втората светска војна

Шведска најави дека го формира првиот нов воен полк од Втората светска војна - единица од 350 војници кои ќе бидат стационирани на островот Готланд во Балтичкото Море.

Единицата ќе биде распоредена следната година, во главниот град на островот Висбу.

Министерот за одбрана Петер Хултквист изјави дека одлуката е диктирана од „влошената безбедносна ситуација" во балтичкиот регион.

Русија ги зголеми своите воени операции во регионот откако го анектираше Крим во 2014 година и во ситуација на воен конфликт во Украина, со учество на сепаратистите поддржани од Москва.

Готланд има население од 58.000 луѓе. По првпат таму има војници во 1886 година, но гарнизонот бил распуштен во 2005 година.