Швајцарски воен авион се урна во Франција

Швајцарски борбен авион се урна денеска во ненаселено подрачје во источниот француски департман Дуб, без притоа да предзвика жртви, соопштија француските власти.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, Федералното министерство за одбрана на Швајцарија ја потврди несреќата, нагласувајќи дека засега не се познати причините за падот на авионот.
Пилотот на авионот успеал навреме да се катапултира од леталото, по што е пренесен во универзитетската болница во Безансон.
Станува збор за авион од типот Ф-18, кој полетал од воената база Пајерн во центарална Швајцарија. Авионот се урнал на француска територија на 20-тина километри источно од Безансон, за време на одржувањето на заедничките авио-вежби на Франција и Швајцарија, ЕУЦ 25.
Се до овој инцидент Швајцарија поседуваше 32 авиони од типот Ф-18 од американско производство.
Ново на Сител
-

Бројот на загинати во пукањето во турско училиште се зголеми на 10
-

26-годишен возач удрил пешак кој се здобил со сериозни телесни повреди
-

Приведени 11 возачи за безобѕирно управување возило, седуммина возеле без дозвола
-

Николов: Штетите од ниските мајски температури се најголеми кај лозовите и овошните насади покрај реките Црна и Луда Мара
-

За време на фудбалски натпревар на Градскиот стадион во Гостивар, навивач паднал од трибина
-

Приведени три лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Потопло време со повисоки температури, најавува УХМР
-

Трамп: САД „многу повеќе“ ќе го намалат бројот на војници во Германија
