Швајцарски алпинист за 62 дена освоил 82 врвови
Швајцарскиот алпинист Уили Стек за 62 дена успеал да се искачи на 82 алпски врвови, сите со височина од над 4.000 метри.
- За мене ова беше многу убаво искуство. Едно многу убаво патување, изјави 39-годишниот алпинист.
Стек имаше за цел да ги освои сите врвови за помалку од 80 дена во експедиција без користење на моторни средства при патувањето од еден до друг врв, освен со велосипед и пешки. Последната етапа беше искачувањето на врвот Екрин на надморска нисочина од 4.102 метри.
Проектот „82 врвови“ Стек го започна на 11 јуни, но патувањето по врвовите беше пропратено со трагичен настан, кога еден од неговите придружници, норвешкиот алпинист Мартијн Сеурен загина при освојувањето на Мон Блан на 23 јули.
Имено, 32-годишниот Сеурен, падна во бездна длабока 300 метри при преминот на еден глечер на надморска височина од околу 3.900 метри.
Стек во 2014 година ја доби меѓународната награда „Златен копач за мраз“, воведена во 1991 година од ревијата „Монтањ Магазин“ и Групата „От Монтањ“, поради неговото искачување од јужнаѕа страна на врвот Анапурна, висок 8.091 метри, за 28 часа. Искачувањето на овој врв од неговата јужната страна, важи за едно од најпроблематичните на Хималаите.
Швајцарецот го освои Анапурна, опремен само со јаже и шише за вода, без ранец. Сепак, неговиот подвиг беше оспоруван, бидејќи не донесе потврда за освојувањето на врвот.
Во 2008 година Стек направи друг подвиг, освојувајќи ја стрминаната висока 1.200 метри на Гранд Жорас во масивот на Мон Блан за само два часа и 21 минута. За класично искачување на овој врв во просек се потребни по два дена.
Ново на Сител
-
Приведен 32-годишен скопјанец, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода
-
Приведен 23-годишник од Велес кој нападнал девојче и полициски службеници, предложен притвор
-
Божиновска на МЕФ 2025: Современ и иновативен енергетски модел е визијата на Македонија
-
Се работи првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид да бидат пуштени до 10 јули, вели Мицкоски
-
Мицкоски: Тоа што го зборува Софија има можност да го докаже со повлекување на амандманите во ЕП
-
Мицкоски очекува годинава да почне изградбата на брзата пруга која е дел од Коридорот 10
-
Мицкоски најавува многу скоро решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи
-
Средба Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста