Швајцарија од Грција ќе преземе 22 деца бегалци без придружба

Со 1,1 милион швајцарски франци и со преземање на 22 деца бегалци без придружба, Швајцарија ќе ѝ помогне на Грција во бегалското/мигрантското прашање, по вчерашниот телефонски разговор на министрите од двете земји надлежни за миграција.
Алтернативниот министер за миграција и азил на Грција Јоргос Кумуцакос и министерот за миграција на Швајцарија Марио Гатикер се договориле, швајцарската Влада, преку Црквата на Грција, УНХЦР и Црвениот крст да помогне со 1,1 милион франци за подобро управување на прашањето со децата бегалци без придружба.
– Господинот Гатикер истакна дека швајцарската Влада високо ги цени работата и ефективните напори на грчката Влада, во рамките на нејзината меѓународна активност за заштита на децата мигранти без придружба и општо за решавање на миграциското прашање, се наведува во соопштението на Министерството за миграција и азил на Грција.
Гатикер и Кумуцакос се договориле, на 7 мај да се одржи работна видео-конференција на техничко ниво за детелите околу швајцарската помош за Грција.
Во рамките на европскиот план за релокација на 1.600 деца бегалци без придружба од грчките острови во Европа, досега од Грција заминаа 62 деца, 12 за Луксембург и 50 за Германија.
Ново на Сител
-

Кошта: Усвојувањето на договорените уставни измени останува единствен начин за формално почнување преговорите
-

Сиљановска-Давкова положи венец пред Споменикот на слободата во Девин
-

Мицкоски го пречека Кошта, по тет-а-тет средбата ќе има состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција
-

Канал 12: Напнат разговор меѓу Нетанјаху и Трамп околу израелските напади врз Бејрут
-

Собир на граѓани го блокира сообраќајот на „Бутелска“
-

Антонио Кошта пристигна во Скопје
-

Во Вашингтон нова рунда директни преговори помеѓу Израел и Либан
-

Најмалку 16 луѓе повредени во невреме во Јапонија
