Швајцарците на референдум го поддржаа шпионирањето на осомничени лица

Гласачите во Швајцарија на референдум со речиси двотретинско мнозинство го подржаа новиот закон кој им дава поголеми овластувања на швајцарските разузнавачки агенции за следење на комуникацијата на граѓаните.
Според извештајот на изборната комисија, 65,5 отсто од Швајцарците се согласуваат разузнавачките агенции да ги шпионираат осомничените лица.
Со новиот закон, разузнавачките агенции ќе може да вршат прислушување, да ја надгледуваат и следат електронската пошта и комуникација и да поставуваат скриени камери и прислушна техника.
Предлагачите и подржувачите на новите мерки уверуваат дека законот ќе помогне, Швајцарија „да фати чекор“ со другите држави.
Противниците, пак, предупредуваат на можните злоупотреби што ги нудат новите законски прописи, на ризикот од загрозување на човековите слободи и од можната закана за швајцарската неутралност, затоа што законот одобрува зголмена соработка на Швајцарија со странски разузнавачки агенции.
Разузнавачките агенции во иднина ќе можат да ги следат осомничените лица, ако за тоа имаат одобрување од судот, од Министерството за одбрана или од владиниот кабинет.
Швајцарците со децении беа против зголемувањето на овласувањата за разузнавачите, поради големиот скандал во осумдесетите години на 20 век, коба беше откриено дека Владата тајно одобрила прислушување на десети илјади граѓани.
Скандалот предизвика паѓање на тогашната Влада и санкционирање на виновниците, но расположението на гласачите се измени, по неколкуте терористички напади во Франција.
Во Швајцарија има мал број безбедносни камери по улиците, а во земјата е забрането следење на улиците од системот на Гугл-мапс, за да се заштити приватноста на луѓето.
Претставник на швајцарската Влада изјави дека новиот закон нема да дозволува следење на комуникациите како што тоа се прави во САД и во другите големи држави.
Ново на Сител
-

Кога да се побара стручна помош? | Стефанија Трајческа - Дефектолог | Sitel Podcast 130
-

АМСМ: Повторно е блокиран сообраќајот на ГП Евзони-Богородица
-

Гаража во Аеродром продадена за 30 илјади евра, за половина година становите во Охрид поскапеле за 27 проценти
-

Министерот Тошковски во Брисел: Македонија ја потврдува посветеноста во борбата против криумчарењето мигранти
-

Претреси во Скопје, приведени 12 лица поради „злосторничко здружување” и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје
-

Мицкоски: СДСМ ако најде еден мигрант до пролет, јас трајно ја напуштам политиката
-

Инвертер климите доминираат над природниот гас: Поефикасни, побезбедни и поисплатливи
-

Приведени тројца бугарски државјани кои биле затекнати со делови од македонски народни носии
