-->
-->
Шумскиот пожар на шпанскиот остров Палма - локализиран после девет дена
-->

Шумскиот пожар кој избувна на 3 август и зафати речиси седум проценти од територијата на шпанскиот остров Палма (еден од Канарските Острови), веќе е локализиран. Ова го соопшти денеска регионалната влада, пренесува БТА.
Властите соопштија дека во пожарот изгореле над 4800 хектари шума. Пред тоа, од безбедносни причини беше најавено дека ќе бидат евакуирани 3.000 лица.
Најзасегнати од пожарот се општините Ел Пасо, Фуенкалиенте, Виња де Масо и Лос Љанос де Аридане. За гаснење на пожарот беа ангажирани околу 560 лица, како и авијација.
На 4 август беше соопштено дека во огнената стихија загинал 54-годишен инспектор од шумарство.
Шпанската Цивилна гарда приведе 27-годишен германски државјанин, обвинет дека го предизвикал пожарот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
