Шумарски факултет - Скопје одбележува 70 години постоење

Со меѓународна научна конференција на тема „Одржливо шумарство - реалност или фикција?”, Шумарскиот факултет во Скопје денеска одбележува 70 години постоење.
- Одбележуваме седум децении од основањето на Шумарскиот факултет, институција формирана многу пред повеќето од нас да бидат родени. Поради уништувањата што ги донесе Втората светска војна, само две години по завршувањето, мудрите луѓе одлучија дека е вистинско време да се основа Универзитет. На почетокот беше мал, со само неколку факултети, но најважни. Меѓу ретките избрани, многу логичен избор беа земјоделството и шумарството. Не е генијално да се открие дека во оваа мала земја, со многу сончеви зраци, умерена клима, добри почви и многу малку технолошка инфраструктура, иднината на луѓето лежи најмногу во земјоделството и шумарството, информира Факулетот.
Шумите, се додава во соопштението, се стратегиски ресурс за нашата земја и даваат многукратни услуги.
- Македонија некогаш беше меѓу лидерите во Европа во напорите за пошумување, не само во однос на површината или бројот на населението, туку и во површините на вештачки подигнати насади. За жал, имало времиња кога шумарството поднесувало „удари” од помалку мудри луѓе на власт, кои не само што ја деградирале шумата и Факултетот, туку го ставаат шумарството на маргините на општеството. Историјата е одличен учител, а мудреците учат од историјата. Се надеваме дека ние и идните генерации ќе ги искористиме лекциите од минатото, за да не ги повторуваме грешките направени во минатото, подвлекуваат од Шумарскиот факултет во Скопје, посочува Шумарскиот факултет и додава дека неговата историја е тесно поврзана со шумарството во Македонија кое поминало „златни” периоди, а потоа и тешки времиња како што е, оценува, поголемиот дел од независноста на Македонија.
Ново на Сител
-

Повредено 10-годишно девојче од заталкан куршум
-

Тетовец се напил до 3,02 промили па си ја истепал сопругата
-

25-годишна девојка од Гостивар нападнала полицаец
-

Двајца Украинци нападнати во Центар по недоразбирање околу резервација за сместување
-

Судар на четири возила на патот Прилеп - Битола, едно лице тешко повредено
-

Уапсен маж од прилепски, возел со 3,37 промили алкохол во крвта
-

Приведени четири лица, меѓу кои малолетничка, пронајден пиштол и кокаин
-

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево во двата правца поради врнежи од снег
