Шуклева: Условите создадени, вистински момент да стартува организираниот пазар на принципот „тргување ден однапред“

Во Република Северна Македонија е вистински момент да стартува организираниот пазар на принципот „тргување ден однапред“ или популарниот „деј ахед“. Низ годините е создаден солиден квантум на материјал за тргување и има искусни учесници на пазарот.
Ова го порача генералната директорка на МЕПСО Ева Шуклева на денешната конференција „Што е ново на пазарите на електрична енергија во земјите на Југоисточна Европа“, што се одржува во Скопје истакнувајќи дека влегуваме во завршницата на долготрајниот комплексен процес – структура на електроенергетиката чија крајна цел беше целосна либерализација и воспоставување организиран пазар на електрична енергија и негова интеграција преку регионот во паневропскиот единствен пазар на електрична енергија.
-Процес чија највисока и крајна цел е цената на електричната енергија да ја трансформира од социјална во пазарна категорија. Процес кој ќе резултира со создавање ценовни сигнали создадени од понуда и побарувачка во пазарна конкуренција на рамноправни учесници. Ценовни сигнали што ќе бидат индикатори и катализатори на инвестиции во различни сегменти на електроенергетиката и кои ќе ја насочуваат и науката да дава соодветни технолошки и информатички решенија, иновации и надградби, рече Шуклева.
Таа истакна дека во изминатите две години напорно е работено и во целост е подготвен амбиентот за создавање организиран пазар или популарно наречената берза за електрична енергија.
-Го имплементиравме Законот за енергетика којшто овозможи создавање организиран пазар, МЕПСО го промени титуларот, ги изработивме и усвоивме Балансните правила со кои сите учесници на пазарот добиваат рамноправен третман во сегментот на балансната одговорност. Паралелно со овие процеси направивме реорганизација и го основавме МЕМО новоформирана компанија Оператор на пазарот на електрична енергија кој наскоро РКЕ ќе го лиценцира за организатор на пазарот на електрична енергија и верувам дека во догледна иднина ќе ги добиеме првите ценовни сигнали создадени во пазарна конкуренција меѓу рамноправни учесници на организиран пазар. Со тоа ќе ја оствариме крајната цел на процесот започната на почетокот на сега веќе далечната 2005 година, истакна Шуклева.
Податоците што ги изнесе покажаа дека лани обемот на електрична енергија тргувана по пазарни цени е 50 отсто од целата пренесена електрична енергија конзумирана од националниот систем.
На семинарот ќе се презентираат состојбите на нашиот пазар на електрична енергија, предизвиците со формирањето на организиран пазар на принцип „тргување ден пред испорака на електрична енергија“ популарно наречената берза, балансната одговорност и пазарот на балансна енергија што е во зародиш.
Обраќања ќе имаат претставници на РКЕ за регулативата, на Енергетската заедница од Виена за дерегулацијата и интеграцијата на пазарите од земјите на Западен Балкан.
Од аспект на трговија на електрична енергија своите искуства ќе ги споделат претставници на три берзи од регионот: БСП од Словенија, ИБЕКС од Бугарија и ХеПекс од Грција.
Настанот е во организација на новинската агенција специјализирана за енергетика „Енергетика.НЕТ“ од Словенија, членка на групацијата „Монтел“ европски новински сервис специјализиран за енергетските сектори.
Ново на Сител
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
-

Maкедонија за првпат ангажира воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата
-

Лукровски: Карпош, ова беше наше лето, над 20 000 посетители на програмските содржини
-

Трамп: САД ќе побараат од Европа да ги надомести трошоците за воената помош за Украина
-

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
-

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација
-

„Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство“ - по 82 дена во болница, малата Бисера си оди дома
-

Важно за концертот на Дејвид Гета во Скопје: Билетите се заменуваат со нараквици, еве кога и каде
