Штрајкот на приватните специјализанти продолжува и утре
Приватните специјализанти ќе продолжат со генералниот штрајк и во текот на утрешниот ден. Како што информираат оттаму, времетраењето на штрајкот е во зависност од утрешниот одоговор на Министерството за здравство во врска со барањето на специјализантите за покачување на нивните плати и регулирање на статусот.
- Ја информираме јавноста дека штрајкот ќе продолжи и во текот на утрешниот ден, сѐ додека Министерството за здравство после утрешната седница на Влада не излезе со официјален став и соопштение. Врз основа на одговорот од Министерството за здравство, приватните специјализанти ќе одлучат за своите понатамошни чекори, стои во нивната објава на Фејсбук.
Нивни претставници попладнево имаа средба во Владата со министерот за здравство, Илир Демири, заменик министерката за здравство, Маја Манолева и професор Ана Данева Маркова, советник на премиерот за здравствени прашања, на која им било кажано дека по утрешната владината седница ќе има информација во писмена форма за барањето за зголемување на надоместот.
Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа, во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело.
Ново на Сител
-
Руте: Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина
-
Мицкоски: Ја разрешуваме неизвесноста во евроинтеграциите со зачестени средби и наши аргументи | ВИДЕО
-
Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет
-
Мицкоски е потврден говорник на годишната Конференција на конзервативците во Вашингтон | ВИДЕО
-
Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“