Штрајк со глад на мигранти на српско-унгарската граница

Група од 130 мигранти, кои тргнаа пеш од Белград и ноќеска стигнаа во близина на граничниот премин Хоргош на српско-унгарската граница, започнаа штрајк со глад, јави Танјуг.
Мигрантите, главно од Авганистан и Пакистан, но меѓу кои има и Ирачани и Иранци, се наоѓаат на околу 500 метри од транзитната зона на унгарската граница. Тие седат на земја и изјавија дека не сакаат да одат во импровизираниот камп. Претходно за нив беа подготвени околу 30 шатори.
Мигрантите истакнаа дека ќе останат тука до следната одлука и ќе пијат само вода, со цел да обрнат внимание на состојбата на бегалците ширум светот. Својот протест го нарекуваат „мирен марш“, нагласувајќи дека тие не се криминалци и очекуваат Унгарија да ги отвори границите за нив.
Од унгарската страна на границата забележани се зајакнати полициски и воени единици.
Во петокот околу 300 мигранти тргнаа пеш од Белград кон границата со Унгарија. Некои од нив се откажаа, а други поминаа дел од патот со воз или автобус.
Ново на Сител
-

Од полноќ бензините поскапи за половина, а дизелот за еден денар
-

Кривична пријава за кражба на дрва и остварена противправна имотна корист од 2 037 700 денари
-

Европските аеродроми укажуваат на недостастоци во системот ЕЕС за влез во ЕУ
-

Чупиќ: На Вардар му требаат две победи за остварување на нашата првична цел, пласман во осминафиналето на Лига Европа
-

Мерц ги обвини руските сили за најдлабоко ниво на варварство и оцени дека Кремљ не ја добива војната во Украина
-

Бројот на превезени патници со автобус намален за 8.5 проценти, во меѓународниот превоз за 53.3 проценти
-

Груби на распит во Обвинителството
-

Претрес во Битола, пронајдена дрога, поднесена кривична пријава против едно лице
