Балкан
8. July 2016 - 8:42

Штрајк на вработените во грчката железница

Вработените во грчката железница Траиносе од денеска стапуваат во штрајк кој ќе трае до вторник, во знак на протест против владината одлука за приватизација на железницата, јави дописникот на МИА од Атина.

Штрајкот ќе влијае на возовите во цела Грција, вклучувајќи го и возот кој оди до аеродромот во Атина. Метрото ќе работи нормално.

Работниците исто така, барат продолжување на колективните договори.
Италијанската државна железница S.p.A e единствениот кандидат кој поднел понуда за купување на 100 проценти од акциите на грчката железница Траиносе, соопшти вчера Фондот за развој на Грција (ХРАДФ).
ХРАДФ информира дека и покрај првичниот интерес, руската железничка компанија РЗД не поднела понуда.