-->
-->
Што значи пролетната рамноденица?
-->

Првиот официјален ден на пролетта во северната хемисферa – пролетната рамноденица, е ден кога она што го дефинирале како “замислена земјина оска” стои мирно, сонцето изгрева точно на исток а заоѓа точно на географскиот запад. Equinox (рамноденица) доаѓа од латински и значи еднаква ноќ.
Во сите древни култури ширум светот, ова е денот кога започнува пролетта, а многу традиции и празници се поврзани со промената на временските услови и будењето на природата.
Пролетната и есенската рамноденица, заедно со летната долгоденица и зимската краткоденица се четири важни маркери за човечкиот живот во текот на годината. Од сега, па до есенската рамноденица, на северната хемисфера на планетата Земја денот ќе трае подолго, а времето ќе биде потопло.
Во некои култури е зачувано и преданието дека на рамноденица земјата стои рамно, па затоа на овој ден јајце можело да стои исправено, без да паѓа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак