-->
-->
Што значи кога ви трепери левото око, a што кога ви трепери десното
-->
Треперењето на окото, медицински познато и како Блефароспазам или Миокимија е присилно треперење на очниот капак. Исто така се споменува и како грч на очниот мускул. Поимот Блефароспазам всушност важи и за било кое друго неправилно треперење или присилно трзање на очниот капак и неконтролирани контракции на мускулите на очниот капак.
Некои луѓе доживуваат треперење во долниот дел од окото, а другиот на горниот капак. Треперењето е честа појава, и може да се случи и на двете очи.
Што го предизвикува?
Точните причини се непознати но се верува дека е поврзано со абнормалното функционирање на одредени нервни подрачја кои се наоѓаат во базата на мозокот, кои ја контролираат координацијата на мускулите и движењата.
Често се појавува симптомот на суво око пред или за време на треперењето на окото. Некои истражувања покажуваат дека токму сувите очи се причинител за треперење.
Останатите причини вклучуваат:
- Стрес
- Иритација на рожницата или конјкутивата
- Замор
- Недостаток од сон
- Подолго зјапање во екранот на компјутерот или телевизорот
- Нарушување на нервниот систем
- Прекумерна доза на кофеин
Иако треперењето на окото генерално се смета за безопасна појава, доколку сте доживеале некои од овие симптоми подолу, консултирајте се со доктор:
- Треперење на окото повеќе од седум дена.
- Треперење на окото целосно ги затвора очните капаци и спречува нормален вид
- Треперењето се шири на другите делови од вашето лице
- Ако сте забележеле црвенило, оток или исцедок од окото
- Горниот капак е опуштен
Како се лекува?
Додека за посериозните случаи треба да се јавите на доктор, за поблагите случаи на треперење кои воглавно е предизвикано од стрес, се препорачува одмор, намалено внесување на кофеин, медитациј или било што што би можело да ве релаксира.
Митови поврзани со треперењето
Сега доаѓа интересниот дел. Суеверијата поврзани со треперењето на окото се познати во многу култури, а голем број луѓе и денес веруваат во нив. Додека (повеќето) луѓе на Балканот веруваат дека треперењето на левото око значи лоша среќа, повеќе од милијарда луѓе во Кина веруваат дека тоа е знак на добра среќа.
Кинеска верзија
Додека треперењето на левото око значи среќа, треперењето на десното се смета за лош знак. Во случајот кај жените, ситуацијата е обратна. Треперењето на десното око значи среќа, а на левото лош знак. Исто така се верува дека треперењето на долниот лев капак може да значи дека ќе заплачете или дека некој ве озборува.
Индиска верзија
Во Индија е обратно од Кина. Десно око - добри вести. Лево око - лоша среќа.
Верзии во делови од Африка
Во некои делови од Африка, треперењето на долниот капак значи плачење, а горниот капак е знак на неочекувана средба.
Хавајска верзија
На Хаваите, треперењето сигнализира доаѓање на странец. Освен тоа, постојат и други верзии кои велат дека доколку ви трепери левото око тогаш тоа може да значи уништување на семејството.
Балкан
Народите на овие простори имаат различни верувања кога е во прашање оваа тема. Постојат толкувања дека треперењето на десното око значи дека ќе ви се оствари нешто што сте помислиле во тој момент, додека играњето на левото око е лош предзнак. Во некои места пак се верува дека ако трепери левото око на жената, повторно ќе го види својот драг по долг пат.
Други пак веруваат дека треперењето на горниот дел од капакот на окото значи радост во семејството, а долниот дел ново пријателство. Лево око - горниот капак, машко дете во куќата, а долниот дел од окото лоши вести.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преку лажен мејл наводно од ФЗО на граѓани им ветувале исплата на пари ако кликнат на одреден линк
-
Исус покренат со вештачка интелигенција во црква во Швајцарија
-
Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување
-
Тепачка помеѓу пратениците од власта и опозицијата во српското Собрание | ВИДЕО
-
Ана де Армас во врска со посинокот на контроверзниот претседател на Куба
-
Кривична против поранешниот министер за култура Хусни Исмаили за штета на Буџетот од 31 милиони денари
-
Донација од шест електрични автобуси на ЈСП утре и купување на уште 120 за јавниот транспорт по општините
-
Ангела Меркел: Ако Украина пристапеше во НАТО во 2008, војната ќе започнеше порано