Што значат ознаките на гумите

Дали знаете што значат ознаките на гумите на вашето возило и какви гуми треба да купите?
Што значи “E” ознаката?
“E” ознаката означува дека гумата поседува прописен Е сертификат (хомологација), дека ги исполнува условите и прописите на Европската Унија, како и декларација околу квалитетот на гумата. Истата е манифестирана преку буквата “E” во круг, или квадрат, и број кој ја означува земјата која го издала овој сертификат.
Што значи ознаката “DOT” на гумите?
Местото и датумот на производство. Се обележува со број пред ознаката DOT на ѕидот од гумата. DOT се состои од два броја – првиот ја означува фабриката каде е произведена гумата, додека другата (која всушност се состои од четири бројки) ја означува неделата и годината на производство на гумата. Пример – 3808, значи дека гумата е произведена 38-мата недела од 2008-ма година. Крајниот рок во кој таквите гуми може да се продаваат како нови е 6 години, односно во случајот од примерот – до 2014-та. Сè разбира, доколку се прописно складирани.
M+S стандард
Mud + Snow (кал и снег) се гуми чија геометрија на газната површина е 25% отворена. Тоа не значи дека се работи исклучиво за зимски гуми, туку доколку нивната геометрија е вака поставена, тие може да се најдат и како летни и All-Season гуми.
Ознака “Снегулка” или ознака “Планински врв покриен со снег”
Оваа ознака, стои на ѕидот од гумата, со цел купувачот да избере правилно од големата понуда на M+S гуми, пневматици кои се наменети за возење во вистински зимски услови. Истите ќе ви овозможат многу подобри перформанси, возни карактеристики на ниски температури, отколку гумите кои имаат само M+S ознаки. Значи, за гуми наменети исклучиво за зимската сезона, побарајте ги и двете ознаки на ѕидот од гумата.
Индекс на носивост LI (Load Index) е ознака на гумата – цифра, која помножена со два, мора да го даде точниот број на дозволена носивости и оптоварување на погонските осовини на автомобилот. Односно, накратко – максималната тежина која гумата може да ја издржи.
Индекс на брзина
Разбирливо, ова е код кој ја покажува максималната брзина на движење на автомобилот, која пневматикот може да ја издржи.
Длабочина на шарата
Едноставно, доколку притисокот на воздух во гумата е за 20% помал од пропишаниот, векот на траење на гумата се скратува за 30%. Правилниот притисок на воздух во гумата не е одреден од димензиите и видот на самата гума, туку од товарот на возилото и стилот на возење (читај: брзина). За вистинските информации за правилниот притисок на воздух во гумата, како и за правилните димензии на гумите за вашето возило, можете да ги најдете во упатството од автомобилот, на налепница на дното од внатрешната страна на совозачката врата, на налепница на капакот од резервоарот, под хаубата или под капакот од багажникот. Гумите се проверуваат додека се ладни, затоа што со возење гумата се загрева, а со тоа се зголемува и притисокот во гумата. Тоа може да резултира со неточни отчитувања на мерачот.
“Run-Flat” гуми
Овие гуми се дизајнирани да не го испуштаат воздухот, доколку се дупнат. Со тоа, овозможуваат возење со ограничена максимална брзина (до 90km/h), на растојание од 150 km до 300 km, во зависност од квалитетот и видот на гумата. Што значат ознаките на гумите? За сите останати прашања за гуми во Македонија обратете се во сите продажни места на Пнеуматик.
Ново на Сител
-

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар
-

Савески: Одлуката за жалба за „Талир 2“ ќе биде донесена по анализа на пресудата, а Ленче Ристоска ќе постапуваше доколку не поднесеше оставка
-

Зголемен бројот на ученици и студенти сместени во домови и интернати
-

Жителка на неготинско Долни Дисан измамена за 49.087 денари
-

Мицкоски: Ги исполнуваме обврските од европската агенда, реформите продолжуваат и покрај блокадите на Изборниот законик
-

Кај кавадарчанец пронајдени и одземени 262 куршуми, 51 ловни патрони
-

За шест месеци на ГП „Блато“ кај Дебар минале над 778 илјади патници, што е историски рекордна фреквенција
-

Водата во Гостивар забранета за пиење
