-->
-->
Што значат белите дамки на вашите нокти?
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2016/february/nokti-bijele-linije-696x456-41413.jpg?itok=fA7utomu)
Многу пати сте забележале бели ситни дамки на вашите нокти и постојано се прашувате што ги предизвикува. Иако се зборува дека причините за оваа појава се недостаток на калциум и цинк во нашиот организам, а тоа значи неправилна исхрана и невнесување на важни нутритивни состојки во нашето тело, сепак ќе ви ја откриеме вистинската причина за оваа појава.
Една од најчестите причини за овие мали бели точки на ноктите на нозете и рацете е состојба која звучи преплашувачки, но не е толку страшно! Латинското име е leukonychia. Повеќето луѓе мислат дека е предизвикана од недостаток на цинк или калциум. Најчесто, ова не е причина.
Белите точки (или кратки линии) на ноктите често се јавуваат како резултат на траума на ноктот, обично на местото на коренот на ноктот. Понекогаш може и да не се сетите кога сте се удриле, но тоа е затоа што ноктите раснат бавно, па белите точки можат да се појават и недели по повредата. Уште една можна причина за белите дамки може да биде слаба инфекција или алергија или, пак, реакција на одредени лекови.
Кој и да е изворот на повредата, овие типични бели дамки најчесто не бараат третман и самите ќе исчезнат со израснувањето на ноктот. Нема да се појават повторно сè додека не настане друга повреда. Доколку појавата ги зафати сите нокти, во тој случај тоа може да се должи на посериозна болест, како анемија, срцеви заболувања, цироза, дијабетес или болест на бубрезите.
Во секој случај, добра навика е да се обрнува внимание на промените на ноктите, тие промени често се индикатор на посериозни промени во организмот, кои можат вака навреме да се откријат. А за да ја спречите појавата на многу болести, водете сметка правилно да се храните и трудете се да го избегнувате стресот и стресните ситуации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обилните дождови предизвикаа свлечиште во Непал, загинаа најмалку 14 лица, девет се водат за исчезнати
-
Владина делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон - јакнење на билатералните односи со САД и афирмирање на земјава како стабилен партнер
-
Симовски: Имаше јаки притисоци на Бугарија пред пописот во Албанија
-
МВР: Претреси на три локации во село Гајре, едно лице задржано на информативен разговор за убистото во Тетово
-
Борел: Орбан ја претставува само Унгарија, а не и ЕУ, на самитот на туркофонските земји во Азербејџан
-
Вулканот Етна исфрли лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри
-
Демонстрации во Барселона против прекумерниот туризам
-
Жестоки борби во источна Украина, Русите напаѓаат се повеќе локации во Доњецк