Македонија
17. August 2015 - 18:14

Што се случува во Дебар - Повеќе делови немаат вода со часови

 Официјално рекстрикција на вода во Дебар нема, но повеќе делови од градот со денови се соочуваат со нејзин недостиг, најпрво по шест а сега и по девет часови дневно.
 
Најпогодени се центалниот дел на градот, потоа нселбите „Венец 1“ „Венец 2“, стариот долен и горниот дел на градот, што ќе рече поголемиот дел на градот. Во текот на денот вода нема од 13 до 18, како и три до четири часа во текот на ноќта.
 
Од Јавното комунално претпријатие велат дека тоа е последица на масовната злоупотреба на водата за пиење.
 
-Од водоводот Росоки-Дебар во главниот резервоар приситнуваат 140 литри вода во секунда. Но поради злоупотребата на истата и ова лето Дебар се соочува со недотиг на вода. Дебар нема повеќе од десет илјади жители а се троши вода како да има 70 илјади жители.Зарем тоа не е доволен податок за масовната злоупотреба, револтирано вели Мазлум Леши, директор на ЈКП„Стандард“, кој потсетува дека Дебар пие најквалитетна вода во Македонија и оти е жално истата да се злоупотребува.
 
Според него биле превземени мерки за намалување на злоупотребата, но за жал нема некои ефекти.
 
Во надминување на состојбата се вклучи и граоначалникот Ружди Љата. Тој на денешната попладневна средба разговараше со претставници на надлежните институции, како и на „Стандрад“, при што, како што рече Љата по средбата побарал превземање итни мерки против сите оние кои ја злоупотребуваат водата за пиење.