Што се случува кога трпите за голема нужда?

Потребата да се отиде во ВЦ е природен процес на чистење на организмот и токму поради тоа никој не би смеел да го одложува. Тоа особено се однесува на извршување на голема нужда.
Кога е најдобро време за извршување на голема нужда?
За повеќето луѓе, најдобро и најздраво време за одење во ВЦ е утрото. Имено, во текот на ноќта нашиот организам ја разградува храната која сме ја јаделе во текот на изминатиот ден, а кога е утро, кога ќе се разбудиме, подготвена е да излезе од нашето тело.
Колку пати неделно би требало да извршиме голема нужда?
Одењето во тоалет е нормална и рутинска работа, додека за некои претставува проблем. Иако утринското празнење на цревата е најздраво за организмот, оние кои тоа не го прават не мораат да бидат загрижени.
Примариус доктор Марино Кварантан специјалист интернист објаснува како вообичаено се смета извршувањето на голема нужда еднаш или неколку пати дневно.
Но, ако тоа го правите секој втор или трет ден, не морате да се загрижувате, се додека не почуствувате физичка нелагодност. Доколку почувствувате симптоми како надуеност и грчеви и тежина во стомакот, треба да побарате совет од експерт.
Кој е најголемиот проблем кај извршувањето на голема нужда?
Проблемот може да се појави кога ќе ја пореметите дневната рутина на одење во тоалет.
„Во моментите кога немате време или можност да ја извршите нуждата и поради тоа ја одложите, телото, кое ви испраќа јасен сигнал дека е подготвено за празнење на цревата, влегува во состоба на своеврсен мал шок“, објаснува доктор Кварантан и додава дека извршувањето на нужда може да доведе до бројни нуспојави како надуеност, гасови, грчеви па дури и запек.
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
