Што се случува кога ќе голтнеме мастика?
На сите ни се случило несакајќи да проголтаме гума за џвакање, а митовите кои се шират за тоа што се случува потоа, како на пример - „ќе ти се залепат цревата“, неретко и претерано не загрижуваат.
Гастроентерологот д-р Лиса Ганџху за Базфид открива што се точно се случува кога ќе голтнеме мастика и дали постои причина за загриженост.
- Нашиот дигестивен тракт е исклучително силен. Ако може да преработи парче месо, може и мастика. Кога тоа еднаш ќе влезе внатре, ќе излезе како и се останато. Не постои одреден временски период за преработка на мастиката, оти тоа зависи од човекот индивидуално, истакнува докторката и напомнува дека единствената разлика е во тоа што гумата за џвакање не се разградува целосно, поради нејзините својства.
Сепак, Ганџху препорачува тоа да не ни се случува често, бидејќи сепак, мастиката може да се заглави во хранопроводот и да настанат сериозни проблеми.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори