Што се подаруваше некогаш за Божик и Нова година

Американското списание „Лајф“ малку истражуваше и направи список на предмети кои биле најпродавани за време на божикните и новогодишните празници во познатата њујоршка стоковна куќа Мејси.
На прво место се најде, денес целосно заборавеното, платнено шамивче, кое во 1948 година било купено во 300.000 примероци. На второ место се комплет честитки, на трето најлон чорапи, на четврто хемиско пенкало, а на пето место машки гаќи и тоа во сина боја.
Меѓу најпродаваните 10 артикли таа `48 се и машки волнени чорапи, памучна бела кошула, пижами на риги, шкотски виски и гердан со вештачки перли.
До 1967 година, исто така, било популарно да се подаруваат детски гаќи, сатенска вратоврска, парфем „сузи“ и албум со виенски валцери.
Повеќето сакале на своите сакани да им даруваат некоја „практична работа“, нешто што ќе им се најде, што ќе им потрае и што веднаш ќе можат да го користат.
На цена не биле производи од технолошкиот развој, кои седум децении подоцна ќе станат доминантни.
Според истражувањето кое го спроведе агенцијата „Дилоит“, подароци кои годинава најмногу ќе се купуваат во САД се бонбониери и книги, потоа козметика, парфеми и компакт дискови.
Ново на Сител
-

Норис победник на трката во Бразил, титулата кај конструкторите за Мерцедес
-

Алкараз победник на Мастерсот 1000 Париз
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
