Свет
16. April 2019 - 16:17

Што остана од „Богородичната црква“ по пожарот?

Нотр Дам е душата на Франција. Ќе се обединиме и ќе ја обновиме катедралата  порача Макрон. Францускиот претседател им се заблагодари на пожарникарите поради нивната пожртвуваност од пламените јазици да ја  спасат главната структура  на Нотр Дам, вклучувајки ги и нејзините две главни кули.Спасени се и повеќе значајни уметнички дела и религиозни предмети, вклучувајки ја и круната  со трња.  Огнената стихија го уништи покривот на катедралата и спектакуларната готска кула. 

-Оваа катедрала повторно ќе биде изградена од сите нас. Таа веројатно е дел од судбината на Франција и ќе биде наш проект за годините кои следуваат. Јас сум посветен на ова. Почнувајќи од утре, ќе започнеме со меѓународна кампања за собирање средства за реставрација на Нотр Дам и тоа и надвор од нашите граници, истакна францускиот претседател

Архитекти и експерти работат  на проценка на штетата  додека полиција ги испитува тимовите градежни работници кои вршеле реновирање на катедралата кога  избувнал пожарот на поткровјето. Се верува дека пожарот им врска со процесот на реновирање. Драмата  почна  вчера околу 19 часот  и траеше околу  8 часа. 400 пожанрикари беа  ангажирани во спасување на готското здаание старо 850 години а градено два века.  

Пораки полни со емоции  и понуди со финансиска  помош за обнување на катердлата стигнуваат од целиот свет. НотрДам   привлекува  годишно 13 милиони туристи од целиот свет.

Во исто време додека горепе Нотр Дам во Париз  пожар од засега непознати причини   ја зафати и џамијата Ал Акса на Ридот на храмовите во Ерусалим.  Пожарот беше изгасен брзо и нема поголем  штета, ниту повредени.Ридот на храмовите е  третото најсвето место во исламот.