-->
-->
Што не смеете да правите на 29 февруари?
-->

Со оглед на тоа дека февруари годинава има 29 дена, годината е престапна, а околу неа постојат голем број верувања и суеверија. Суеверните денеска би ви рекле дека ова е најбаксузниот ден од годината. Науката од друга страна вели, 29 февруари ни е неопходен, а еве и зошто.
Календарската година има 365 дена, но на секои четири години имаме престапна година, во која деновите растат за вкупно еден ден и ги има 366.
Ако се направи математика, секојдневно го мериме времето според годината која има 365 дена, што значи дека остануваме со вишок од шест часа. Тоа веројатно ви се чини како не многу важен податок, но ако се собере шест па шест па шест, за 750 години зимата би ни доаѓала во јуни, Нова Година ќе славиме во јули, а грозје ќе јадеме во јануари...месеците неприметно и полека ќе се поместуваат и ќе ни ја нарушат рамнотежата на животот.
Така, вишокот часови се решава со воведувањето на ден плус, а тој ден е токму денеска.
Овој ден кој е плус во годината, според старите е најбаксузен од сите 365 дена. На овој ден според обичаите и верувањата, не би требало да се почнува бизнис, не треба да се сади, не треба да се склучува брак, бидејќи се смета дека се што ќе се почне во престапна година е со краток рок на тарење.
Сепак, за оние кои не можат да чекаат и сакаат да запливаат во брачните води, Британците измислија лек-девојката да го запроси момчето на овој ден за да не ги следи лоша среќа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Затворски полицајци во Штип нападнати откако затекнале затвореник со мобилен
-
Судењето на возачот кој ја усмрти Фросина Кулакова започнува во петок
-
Аудиција за Ѕвездите на Гранд на 19 мај во 12 часот во Сител Телевизија
-
На Бит Пазар пронајдено починато машко лице, без документи за идентификација
-
Македонското дерби Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 меѓу Топ 5 во Европа
-
Приведен кумановец затоа што бил затекнат при обид за кражба и во неговиот дом била пронајдена дрога
-
Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово, го оштетил буџетот на установата за 21.594.510 денари
-
Нуркачи ќе го чистат охридското езеро