Македонија
10. August 2015 - 16:14

Што направи Груевски, а што опозицијата овие 10 дена

Потписот на договорите со две странски компании и најавата за зголемување на пензиите за 5 проценти се меѓу добрите вести кои во само 10 дена ги донесе премиерот Груевски и владата. Активностите на терен ја покажуваат насоченоста кон реалните проекти и подобрувањето на живото на граѓаните.

Во само неколку дена премиерот Груевски имаше исклучително набиена агенда. Ја посети индистриската зона Охрид - Струга во која веќе овој месец ќе започне изградбата на фабриката на ОДВ електрик. Двете инвестиции ќе отворат вкупно 2.000 работни места.

Ќе се градат 5 регионални патишта, активност која ќе започне во втората половина на август. Инвестицијата ќе тежи 22 милиони евра.

Груевски посети ново реконструирано училиште кое е дел од 350 училишта кои добија нов лик. Пуштен беше нов водовод и поставен камен темелник на колекторски систем.

Премиерот го посети Плаошник каде се гради капитален проект, Свети Климентовиот Универзитет кој ќе биде особено привлечен за туристите.

На листата остварени ветувања се и новата зграда со станови за социјално загрозени семејства и најавата за продолжување на проектот за бесплатно летување на децата од овие семејства.

Експертите велат дека пристапот на исполнување на ветеното и работењето со полна пареа за исполнување на зацртаните цели се единствен начин да се заслужи и задржи довербата од граѓаните.