Македонија
9. August 2015 - 17:49
Што крие архивот во штип!?
Архивските записи и документи се често барани од студентите. Истражувањето зазема се позначајно место во образовниот процес, па затоа и штипскиот Aрхив е се поатрактивен, зашто во него се чува богата историска граѓа.
Посебен акцент ставаме на истражувачката дејност на граѓаните за одредени теми на факултетите. Кога на пример некој студент обработува некоја тема, се обраќа кај нас и ние му даваме документи, за да биде се како што треба-изјави Делчо Трајков, раководител на штипскиот огранок при Држабвниот Архив на Р. Македонија
Архивот е трезор на документи и за секојдневни потреби на граѓаните. Примерок од исчезнатите или несочувани документи, може да се пронајде во архивските материјали складирани во депото на инситуцијата.
Најстарите документи во штипскиот архив датираат од крајот на XIX век. Меѓу позначаните се свидетелствата со потпис на учителот и револуционер Гоце Делчев, дипломата на првиот хирург на балканот, Христо Димитриев, нотни записи и тестаментот на музичарот од Штип со потекло од Харков, Украина, Сергеј Михајлов, но и тефтери за вересија на многу познати штипски семејства.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
