Што ќе се случува со времето утре?
Времето утре во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и над 30 л/м2. Поради спуштање на постуден воздух на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег, а ќе се формира и снежна покривка, особено во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Дневната температура ќе се движи од два до 10 степени
Во Скопје слично време, облачно со врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Дневната температура ќе достигне до пет степени.
Во сабота претпладне ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а во недела ќе преовладува променливо облачно време, посвежо со слаб претежно северен ветер. Во деновите потоа утринските температури по некаде ќе бидат и под нулата, а дневните во постепен пораст.
Ново на Сител
-
Малолетници со нож тешко повредиле 55-годишен маж
-
ЕУ воведува сет мерки за подобра заштита на патниците во авиосообраќајот
-
Кисела Вода организираше бесплатна заедничка полуматурска прослава за сите деветтоодделенци
-
Со новиот граничен премин Маркова нога – Лемос на 40 минути ќе се намали времето на патување од Ресен до грчка Преспа
-
Вчерашното невреме предизвика големи штети во струмичко
-
Приведен млад кавадарчанец, крадел пари од црква и украл донација за болно дете
-
Денес е Духовденска задушница
-
Попладне можност за дожд и грмежи