-->
-->
Што ќе ми е живот без тебе драги: Позади овој хит на Силвана се крие приказна за нејзиното најголемо страдање
-->
Во октомври 1976 година во сообраќајна несреќа на патот Ниш-Белград загина Силвана Арменулиќ. Тоа беше трагичен крај на сјајната кариера на една од најпознатите народни пејачки на Балканот.
На Почетокот од кариерата Силвана во Лесковац запознала момче без денар во џебот, но сакало да стане пејач. Од непознати причини, и се допаднал тој тивок и замрзнат човек кој и кажал дека нема пари да се врати дома, ниту имал каде да спие. Таа го замолила управникот на хотелот во кој пеела да му даде работа и сместување. Бил тоа Тома Здравковиќ на кого токму оваа работа му била отскочна даска која го направи вистинска ѕвезда.
За благдарност кон Силвана кој без нејзината помош неговата кариера не би постоела, Тома и напишал песна „ Што ќе ми е живот без тебе драги“ која станала еден од најголемите нејзини хитови.
Во една прилика, Тома раскажал дека инспирацијата за оваа песна била токму животот на Силвана.
Инсистираше да и напишам песна, но што? Јас секогаш бев во некои романтични врски кои ме инспирираа. со Силвана беше тешко. Зборувавме со денови, беше несреќна. Ми откри детали од својот брак кој и беше лабилен. Често ми зборуваше: „ Ох овој живот мој“! „ Нека иде се по ѓаволите, кога ништо не ми оди од рака! „ Ниту бракот, ниту ова, нити она...“ И еднаш додека се возевме со автобус и велам: „ Знаеш ли што, тоа е интересно, да ти направм песна токму како што зборуваш ти, онака како што се чуствуваш. Тогаш подобро ќе пееш, раскажал своевремено Тома.
Силвана песната „Шта че ми живот“ ја пеела и во серијата „Љубов на селски начин“ ја продала плочата на која се наоѓала во 300.000 примероци и станала мегахит.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Клековски: До крајoт на јануари очекувам да ги има сите лекови на Онкологија
-
Кривична пријава против 6 лица поради сомнение за помагање во врска со измама
-
Турските власти цел на критики поради недостиг на безбедносни мерки во планинскиот хотел
-
Трамп нареди вработените во службите за поттикнување на различностите да заминат на отсуство
-
Уапсен 23 годишник од Бангладеш кој водел група од 8 мигранти од Непал
-
Туск: Европа има еднакви права да зборува за својата величественост како и САД
-
ДСЗИ бара дисциплинска постапка по смртта на новроденчињата - близначиња и стручен надзор во прилепската болница
-
„Џокер 2“ со седум номинации за „Златна малина“