Што ќе донесе засилениот француски ангажман во финишот пред Самитот на ЕУ?
Последен обид на француското претседателство за одблокирање на македонскиот евроинтегративен процес. Вака поранешниот дипломат и аналитичар Нано Ружин гледа на повикот од францускиот претседател Макрон до бугарскиот државен врв за средба во Париз, на која ќе им го претстави неговиот план за откочување на европроширувањето.
Ружин смета дека Макрон има и лична причина за неговиот засилен ангажман за ова прашање.
Од македонската влада денеска немаше никаква реакција за планот на Макрон кој треба да резултира со повлекување на бугарското вето, а кој наводно содржи француска гаранција дека сите бугарски барања ќе бидат вклучени во преговарачката рамка.
Но Ружин смета дека ваквото сценарио не би можело да се одвива без знаење на водечките политичари од Македонија.
Ружин анализира дека исходот од средбите на Макрон со Петков и со Радев може да донесе компромис или пак некаква формула од која нема да бидат задоволни и двете страни, но која ќе донесе до посакуваниот епилог – почеток на преговорите на Македонија со Унијата.
-
Горан Симоновски
Сите содржини од овој новинар
